
kurir.mk · Mar 1, 2026 · Collected from GDELT
Published: 20260301T134500Z
Десет пати повисоки казни за нефер трговски практики, најавува министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши. Во интервју за МИА, Дурмиши открива дека се размислува, освен за трговците, глоби да има и за добавувачите. Веќе се подготвуваат законските измени, а пред да бидат дефинирани и донесени, ќе се одржат средби со сите засегнати страни – дистрибутерите, трговците и производителите. Според министерот, иако Законот за нефер трговски практики е во сила повеќе од една година, примената не е целосна. Дел од трговците формално ги усогласиле договорите, но и понатаму се утврдуваат недозволени трговски практики. -Цениме дека казните за ваквите однесувања на трговците не се големи, туку се мали. Затоа, ќе имаме измени на Законот во наредниот период – ќе се зголемат казните 10 пати за сите трговци што не го почитуваат Законот за нефер трговски практики. Ние посветено работиме да обезбедиме животен стандард за граѓаните, не може повеќе трговците да профитираат на грбот на граѓаните. Се размислува во казнената политика да се воведат казни и за добавувачите зашто тие досега не беа опфатени, а се случува, наместо да ги пријавуваат трговците што им прават притисок, на некој начин да се договараат со нив за да го зголемат рабатот, истакнува Дурмиши. Пред донесувањето на законските измени, можно е, дополнува Дурмиши, да има и јавна дебата. -Прво ќе ги известиме, да знаат со што ќе се соочуваат во наредниот период, а потоа ќе ги доставиме измените како предлог во владина процедура, па ќе одиме во Собрание. Пред да се усвои овој закон или да бидат во сила овие измени, може да имаме и некоја јавна дебата за да се приклучат сите засегнати страни, објасни министерот. Во интервјуто, Дурмиши зборува за борбата против сивата економија, за минималната плата и за платите на функционерите. -Како министер за економија ја поддржувам иницијативата за намалување на платите на функционерите, односно на именуваните лица. Сметам дека во овој период приоритет ни е да имаме стабилност во јавните финансии. Средствата треба да бидат насочени таму каде што е најпотребно, кон граѓаните. Испраќаме јасна порака, дека одговорноста треба да почнува од нас, потенцира Дурмиши. Министерот информира дека утре ќе се одржи седница на Економско-социјалниот совет, а меѓу точките на дневниот ред, вели, е и Просечната потрошувачка кошничка. Министре, би го почнале разговорот со минималната плата, како едно од најактуелните прашања. Најавена е седница на Економско-социјалниот совет (ЕСС). Што очекувате и како ги коментирате најавите на ССМ за генерален штрајк? -Точно е дека минималната плата е најактуелна тема, но јас би го додал и зборот најполитизирана, зашто во Економско-социјалниот совет имаме и многу други теми што се исто така многу важни и што треба да ги третираме. Би кажал за вас и за јавноста дека утре, на 2 март, ќе се одржи седница на ЕСС. Имаме направено дневен ред, за тоа што ќе се дискутира, ќе има и други точки што се побитни. Платите треба да растат. Многу пати лошо се разбираме, но тој раст треба да биде од реален економски раст. Треба да биде од растот на продуктивноста, од растот на инвестициите. Значи, да оди растот од една страна одржливо, а на другата страна да немаме зголемување на инфлацијата. Градиме систем каде што ќе обезбедиме трајно зголемување на животниот стандард на граѓаните. Оваа Влада година и пол работи на суштинско подобрување на системот, на подобрување на законските решенија од областа на економијата, за да имаме стабилно зголемување и на животниот стандард на граѓаните и на платите. Како земја која сака да биде членка на Европска Унија, мора да работиме за да имаме стабилни институции, а кога ќе се зголемува продуктивноста, кога ќе се зголемуваат инвестициите, кога ќе имаме стабилни институции, ќе се создаваат одржливи работни места и ќе имаме и зголемување на платите. Владата останува на ставот дека ќе поддржи секакво решение што ќе договорат двете страни. Дали можеби очекувате решение сега и што ако евентуално не се постигне решение? -Ние од почеток сме кажале дека сме за дијалог, не бегаме од дијалогот. Синдикатите бараат минималната плата да биде 600 евра, а ние со аргументи што се релевантни од институциите, со податоците што ги земаме, сме покажале дека сме за договор. Изминатиот период постигнавме договор со вработените во јавниот сектор. Скоро 11 000 вработени ќе земат поголеми плати, во наредните три години ќе имаат скоро 40 отсто зголемување на платите. Ние нема да обврзуваме друга влада во нареден период да има долгови. Сме ги зголемиле платите и во образование, сме ги зголемиле платите и во здравство, во полиција, во Министерство за одбрана исто така. Значи, со овој крајниот договор што го достигнавме со еден дел од синдикатите, ние со вработените во јавниот сектор сме ја постигнале таа цел – да се зголемат платите и да може вработените да работат достоинствено. Но, во однос на приватниот сектор, ние не може да се мешаме таму и да му речеме на стопанството – треба да ги зголемите платите. Работодавачите и работниците треба меѓусебе да се договараат, а каква и одлука да донесат, ние сме таму да им помогнеме на двете страни оти ние сме на средина, ги следиме сите. На пример, стопанството го следи интересот на компаниите, синдикатот на вработените, а ние како Влада треба да ги имаме предвид и стопанството и вработените и сите граѓани во нашата држава. Треба да работиме и во делот на инфлацијата да биде стабилна. За месецот што помина, јануари, ги има податоците на Државен завод за статистика, покажаа дека имаме намалување на инфлација за 0,7 отсто. Што се однесува на минималната плата, имаме една формула која е во сила. Најверојатно ќе биде зголемена минималната плата за околу 1 600 денари нето, за оваа година што доаѓа. Тоа е законско решение што го утврдија сите страни од Економско-социјален совет. Синдикатите потпишаа за оваа формула, потпишаа работодавачите, исто така и Владата. Критиките што ги имаме од опозицијата – порано кога беа тие на власт велеа дека оваа формула е системско решение и дека е најатрактивна и дека ја практикуваат европски земји. Сега, одеднаш, не чини оваа формула. Не можеме да ги разбереме. Министре, се донесе Законот што предвидува намалување на платите на функционерите преку корекција на коефициентите. Како ги оценувате обвинувањата од опозицијата дека се работи за популизам? -Да, исто како и вие, и јас го следев Предлогот на пратениците во Собранието и како министер за економија ја поддржувам оваа иницијатива за намалување на платите на функционерите, односно на именуваните лица. Сметам дека во овој период приоритет ни е да имаме стабилност во јавните финансии. Средствата треба да бидат насочени таму каде што е најпотребно, кон граѓаните. Во изминатиот период имаме најголем јавен долг што е направен од минатата власт. Се соочуваме со сите овие проблеми со празен буџет, да не ги набројувам по ред проблемите со кои се соочуваме и што сакаме да ги решиме. Согласно овие измени што ќе се направат, ќе се намали коефициентот и намалувањето на функционерските плати ќе изнесува од 10 000 до 13 000 денари. Испраќаме јасна порака дека одговорноста треба да почнува од нас. Работиме на зголемување на минималната плата, работиме на поддршка на стопанството – со многу мерки за компаниите да ги зголемат платите на вработените. Треба да се подразбира дека треба да ја постигнеме оваа цел и функционерите треба да појдат од себе – еве ги намалуваме платите од 10 000 до 13 000 денари. Објавена е Синдикалната потрошувачка кошничка за февруари. До каде е Просечната кошничка што ја изготвува Владата во соработка со работодавачите и синдикатите и дали ќе биде пониска? Ако да, за колку? Многу пати е зборувано за Синдикалната кошничка од синдикатите и сме ги кажале нашите забелешки што ги имаме кај нивната кошничка, поради тоа што еве на пример тие ги објавуваат податоците 10 дена пред да заврши месецот. Други забелешки имаме – дека ги земаат највисоките цени на прехранбените производи, не ги земаат предвид податоците од 10, да речеме, маркети и да ја земат просечната цена или најниската цена, а исто така таму, кај таа синдикална кошничка се ставени и трошоци за кирија. Според пописот што е направен во 2021 година, 90 отсто од нашето население живее во сопствен дом. Исто така и некои производи што во одреден временски период не се употребуваат од граѓаните. Ние изготвивме Просечна потрошувачка кошничка. Дадена е во Економско-социјалниот совет, кај сите членови и чекаме нивни забелешки, нивни предлози како придонес во оваа Просечна потрошувачка кошничка. До сега, за жал, не сме имале уште некој предлог. Кошничката ќе ја ставам на дневен ред и на утрешната седница на ЕСС за да ја дискутираме. На крај, ќе ја финализираме и ќе биде објавена пред јавноста – потрошувачка кошничка која ќе се базира на реалните податоци од релевантните институции, а не да имаме некоја потрошувачка кошничка направена од некој професор или од некои луѓе што не се релевантни, односно не се проверени од институциите. Кога, според Вас, може да се очекува Просечната потрошувачка кошничка? Па, ако утре имаме забелешки, нормално дека ќе треба да ги разгледаме, да ги анализираме. Ако имаме предлози и тие треба да ги анализираме и на наредната седница ќе биде објавена во јавност и ќе продолжиме со пресметување на Потрошувачката просечна кошничка која е релевантна и доверлива за граѓаните. Да не сееме магла, туку реално да знаат колку пари треба да има едно четиричлено семејство за да помине еден месец. Од Законот за нефер трговски практики досега имаше некои резултати, беа објавени. Но, можете ли да ни кажете нови податоци, низ бројки, колку реално Законот има ефект и колку ние како граѓани можеме да го воочиме тоа во однос на цените на храната? Законот за забрана на нефер трговски практики во синџирот на снабдување за прехранбени производи се применува повеќе од една година. Знаеме дека овој Закон е дел од барањето на Европска Унија, да го спроведеме. Законот го спроведовме и стапи во сила. Надзорот на Комисијата јасно покажува дека има одре